Австралијците Марк Борн, во машка, и Сузи Валшам, во женска конкуренција, победија во трката на најбрзо искачување на њујоршкиот симбол, Емпајр Стејт Билдинг.Борн ги искачи 1.576-те скалила за вкупно 10 минути и 12 секунди, додека Валшам триумфираше со резултат од 12 минути и 5 секунди.Вкупно 600 натпреварувачи од 18 земји учествуваа во искачувањето на вкупно 86-те катови на познатата зграда на Менхетен.„Очигледно сум многу среќен што победив и убаво е што тренирањето ми се исплатеше“, изјави Борн.„Сакам да постигнам темпо и за среќа се исплатеше“, рече Борн.„Ова е мое најдобро време и не можам да бидам посреќна“, изјави Валшам, која живее во Сингапур.
МакфаксАвстралијците Марк Борн, во машка, и Сузи Валшам, во женска конкуренција, победија во трката на најбрзо искачување на њујоршкиот симбол, Емпа