Пред два дена во Охридската полиција е пријавено дека во хотел во градот, од балкон паднал гостин во хотелот.
Како што стои во полицискиот билтен, на 13.10.2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот.
Се работи 49-годишниот М.К од Австрија кој бил во друштво со С.Ф.В.(40) од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.