Австрија забрани авиосообраќај со државите од Балкан

Австрија забрани авиосообраќај со државите од Балкан!!

Австрија продолжува да ги заострува мерките во борбата против КОРОНА ВИРУСОТ. Па така денеска се појави информацијата дека таа држава ги забранува целосно слетувањата на нејзина територија на авионите од следните држави: Македонија, Србија, Босна, Албанија, Бугарија, Романија, Молдавија како и Египет.

Линиите со соодветните градови од овие држави ќе бидат суспендирани најмалку до крајот на овој месец.

Согласно оваа уредба дега за дури 22 држави е ограничено летањето кон Австрија. Исклучок може да се направи само за медицински персонал. Исто така и на земјените гранични премини ќе бидат засилени контролите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.