Австрија ќе воведе задолжителна обука за сопствениците на кучиња

Откако пред пет години во Виена беше воведена задолжителна обука за сопствениците на кучиња, курсот го завршија 17.000 луѓе, а моделот наскоро ќе се прошири во цела Австрија, па обврската ќе важи за секој сопственик на куче во земјата од јули 2026 година, пишува словенечката новинска агенција СТА.Советникот за заштита на животните во градското собрание во Виена, Јурген Чернохоршки од редовите на социјалдемократите и виенската активистка за правата на животните Ева Перси, рекоа дека обуката придонесува за подобар соживот на луѓето и кучињата.„Многу сме среќни што ова не го гледаат само жителите на Виена, туку и федералната влада го призна и воведува задолжителен сертификат за обука за сопствениците на кучиња низ цела Австрија“, рекоа тие.Почнувајќи од јули 2019 година, луѓето кои сакаа да имаат куче во Виена, а немаа пријател со четири нозе во последните две години, мора прво да поминат најмалку четиричасовен курс за да добијат сертификат за обука.Чини 40 евра, а сопствениците на курсот добиваат основни познавања за одгледувањето кучиња, грижата за нив, нивната обука и законските прописи во таа област.

Пронајдете не на следниве мрежи: