Автентичен грчки вкус: Медитеранска фритата за појадок, ручек и вечера

Дали имате желба за едноставен, здрав оброк, полн со свеж зеленчук?
Брзата и едноставна фритата ќе стане ваш омилен рецепт за здрав појадок, ручек или вечера. Она што е најдобро, за нејзина подготовка ќе ви бидат потребни помалку од 30 минути.
Фритатата е полна со вкусовите на медитеранот: тиквички, шери домати, пиперки, сирење и оригано. Со овој рецепт можете да си играте и да додавате некои од вашите омилени намирници коишто ви се наоѓаат во фрижидерот, па така секој пат да добиете различен вкус.


Потребни состојки:
8 јајца
½ шолја млеко
¼ лажичка црвен пипер
2 лажици маслиново масло
2 тиквички (помали, исечкани на коцки со големина на залак)
1 црвена пиперка (мала, исечкана на парчиња)
1 зелена пиперка (мала, исечкана на парчиња)
1 шолја шери домати (цели)
1 лажичка оригано (може и босилек)
¼ шолја здробено сирење
сол
бибер
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Во поголем сад скршете ги јајцата, додадете го млекото, посолете, забиберете и додајте црвен пипер. Изматете ја добро смесата.
3. Во голема тава за печење (тава што ќе може да ја ставите и во рерна), загрејте масло. Додадете ги тиквичките, црвената и зелената пиперка и гответе 3-5 минути додека малку не омекнат.
Додадете ги шери доматите и ориганото и зачинете со сол и бибер. Во тавата додадете ја смесата од јајцата. Гответе неколку минути. Додадете го сирењето и ставете ја тавата во претходно загреаната рерна.
4. Печете 15-20 минути. Послужете ја топла.
Оваа фритата е многу разнообразна. Може да го смени вкусот со кој и да е зеленчук којшто го имате при рака – додадете малку свеж босилек и моцарела, малку шунка или чедар… Можностите се бесконечни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.