Автобус изгоре на стојалиштето под Железничка станица

Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.
Автобусот го гасат десттина пожаникари со две возила. Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.
Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.