Утрово автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запали во населбата Ѓорче Петров. Од снимката се гледа дека густ чад се шири низ населбата. Се работи за автобус со број 5 кој сообраќа на релација од Дексион кон Ново Лисиче.
Од ЈСП Скопје за “Курир“ информираат дека на лице место е внатрешна контрола и се утврдуваат причините за несреќата. Најважно е што нема повредени патници.