Со последното ажурирање на Google Play Services за април, Android корисниците ќе добијат нова безбедносна функција која претходно беше планирана за Android 16 подоцна годинава. Ова ажурирање овозможува автоматско рестартирање на уредите кои се неактивни и заклучени три дена. По овој период, уредот се рестартира и преминува во состојба позната како „Before First Unlock – BFU“. Во BFU состојбата, пристапот до податоците е значајно отежнат, практично онеможен за секој освен за сопственикот, бидејќи се оневозможени биометриските методи на отклучување, а податоците се целосно енкриптирани. Корисникот мора прво да го отклучи телефонот, по што уредот повторно функционира нормално. Apple воведе слична заштита лани со iOS 18.1 ажурирањето, кое работи по идентичен принцип и со иста цел. Оваа безбедносна функција сега ќе биде достапна за Android корисниците со априлското ажурирање на Google Play Services, а како секогаш, процесот на дистрибуција ќе биде постепен.
The post Автоматски рестартирање на Android уреди после три дена неактивност appeared first on 365.mk.