Автомобил удри 56-годишна жена на „Орце Николов“ во Скопје

На 12 февруари 2026 година во 13:00 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Орце Николов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.Д. од Скопје.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: