Агелер: 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ се дадени за реформи во правосудството

Половина милијарда долари ги чинат САД заложбите за реформи во македонското судство, а кој е резултатот.

Aмериканската амбасадорка Анџела Агелер вчера изјави дека „се вели дека „зборувањето е без пари“, и обично тоа е точно.

Но, три децении американски ангажман и помош во разговори за реформи во владеењето на правото, обука на судии и обвинители и поголема соработка меѓу судството, граѓанското општество и граѓаните и функционерите во оваа земја? Ова не беше без пари. Тоа нас нè чинеше околу половина милијарда долари пари на даночните обврзници. Затоа, да го преименуваме денешниот договор во „Повик за акција“. Ајде да се обврземе да го направиме овој план повеќе од само еден документ што треба да се потпише и архивира. Судиите, обвинителите, министрите, членовите на парламентот и лидерите на граѓанското општество, дури и дипломатите, треба да ги земат во предвид неговите препораки и потоа да работат заедно за да создадат вистинска судска реформа“, изјави Агелер.

Сериозни критики за правосудниот систем лани упати холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп.

Пронајдете не на следниве мрежи: