Адвокатката Фрчкоска ќе бара да се укине притворот на Јанева, заради влошена здравствена состојба

Здравствената состојба на поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е влошена,  потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ“21“.
Јанева која е во притвор за “Рекет“ е под постојана терапија, а претходната недела во затворот “Шутка“ каде Јанева се наоѓа речиси еден месец била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.
Адвокатката Фрчкоска најави дека ќе поднесат барање за укинување на притворот за Јанева за да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.
“Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија“, изјави за ТВ“21“ изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО додавајќи дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.