Адвокатот Миланов за ТВ21 за обвинувањето на Бектеши: Правно неиздржано и апсурдно

Адвокатот на екс министерот Крешник Бектеши, Еленко Миланов денеска во интервју за ТВ21 ги оцени како правно неиздржани и апсурдни обвинувањата кои им се ставаат на терет на Бектеши, но и на другите 27 лица.

„Временскиот период кој што стои во конкретната наредба која што вчера е отворена за овој предмет од Обвинителството дека тоа се случува од 2012 година па се заклучно со 16 март 2025 година кога се случи овој настан што сметам дека е правно апсолутно неиздржано и апсурдно затоа што за предизвикување на било кој начин на таа несреќа може да има директни учесници, а Бектеши и многу други немаат и не можат да имаат никаква директно учество и во таа насока вина за сето тоа“, порача Миланов.

Пронајдете не на следниве мрежи: