Адеми: Али Ахмети ќе биде реизбран за претседател на ДУИ, ќе имаме и одлуки што се совпаѓаат со барањата на јавноста

„Али Ахмети ќе биде реизбран за претседател на ДУИ на партискиот конгрес што ќе се одржи на 20 декември.“

Ова го изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, додавајќи дека ќе има и избори за членови на генералниот совет.

„Во ДУИ има многу луѓе кои оставиле важни траги, не само во рамките на партијата, туку и во сите процеси што ја карактеризираа нашата земја, и како одговорна, сериозна државотворна партија која има неоспорен легитимитет на Албанците во земјата. Секако, од нас се очекува да имаме одговорни одлуки што се совпаѓаат со барањата на јавноста“, рече Арбер Адеми.

The post Адеми: Али Ахмети ќе биде реизбран за претседател на ДУИ, ќе имаме и одлуки што се совпаѓаат со барањата на јавноста appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: