„Не знам, немам поим“ – вака потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, одговори на прашањето дали знае каде е поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби.
Во интервју за „360 степени“, Адеми одговори и дека не знае дали Груби ќе се врати во државава, а на прашањето дали треба да се врати, рече:
„Мислам дека секој треба да се соочи со правдата. Јас мислам дека се водеше политичка хајка и се најавуваше неговото апсење многу месеци порано. И пред составувањето на Владата. Ги имате јавните изјави од политичарите дека ’ние кога ќе дојдеме на власт ќе го апсиме итн.’“
На прашањето дали и ставањето на Артан Груби на црната листа на Соединетите Американски Држави (САД) го смета за хајка, Адеми одговори дека тоа е друга работа.
„Тоа ние го почитуваме како ДУИ. Тие ни се наши стратешки партнери. Но, дали има други луѓе на црната листа? Има. Дали се во затвор? Не се. Тоа е доволно“, рече Адеми.