Адриан Керими од Алсат-М ја искина легитимацијата од Влада, бара да му биде напишана на албански јазик

Ете и до тоа дојдовме во оваа наша „напредна“ демократија. Имено Адриан Керими новинар на АЛАСТ ја искинал новинарската легитимација од Владата на Република Македонија бидејќи не била напишана на албански јазик. -Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите, не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напишал новинарот на социјалните мрежи. Тој исто така вели дека вредностите за европска интеграција што ги промовира Владата на РМ се само за потсмев и имаат за цел да ги прикријат скандалите и празнините кои дури и се прикажуваат пред меѓународниот фактор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.