Адријана Ацевска: „Уште еден живот да живеам нема да ги убедам дека не сум алчна за кеш“

Во новата епизода на „Нешто конкретно“ зборуваме за предрасудите кои важат за жените. Ако не се омажила до 30 сигурно нешто и фали, ако брка кариера и е успешна тогаш сигурно мрази мажи… вакви коментари и уште многу други сигурно сте слушнале за жените кои малку повеќе отскокнуваат од она „нормалното“ во нашето општество.

Ние на оваа тема одлучивме да позборуваме со Мартин Трпчевски, стендап комичарката Ивана Наскова, Ирена Спасовска и Андријана Ацевска.

Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Google во 2024 година: Дали го знаете одговорот на првото?
Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до Google за одговори. Неколку прашања ја одбележаа 2024 година.Имено, Google изјави дека прашањето …
Бритни Спирс го прослави Божиќ со синот: Го чекаше овој момент со години, емоциите ја совладаа (фото)
Пејачката Бритни Спирс повторно се соедини со својот најмлад син Џејден за време на божиќните празници – а ѕвездата сподели видео на Инстаграм во средата за да го одбележи големиот момент.Пејачката (43) која неодамна се …

Дали познатиот хит „Кеш“ на една од нашите најзгодни фолк пејачки дава погрешна слика за тоа каква е она вистински? Со оглед на тоа дека таа се прослави со гореспоменатата песна која беше многу остро коментирана, ја запрашавме Андријана како се носи со тоа и како им објаснува на луѓето дека она не е таа девојка за која што пее. „Ме болат коментарите кога зборат дека сум алчна за кеш, такви се луѓето мислат дека тоа што го пееш, го пееш за себе“ рече Ацевска и додаде дека уште еден живот да живее нема да се убеди со народот.

Девојката која што за себе вели дека многу зборува, но и оти нашла начин како да го искешира тоа, Ивана Наскова, за својата машка публика ќе каже „ме гледаат како да сакаат да кажат што имаш ти да кажеш, ајде заиграј“. Комичарката и писателка нема проблем да биде со машко што пие коктел со цевче и носи розева кошула ако тој верува во својата машкост, а за лошите момци ќе вели дека тие се привлечни за жената се додека таа не созрее, после таа фаза се бараат фини момци.

Ирена Спасовска смета дека помладите мажи сакаат постари жени. Таа вели дека според неа жените се прави змии, а што се однесува до нејзиниот избор за мажи никако не сака златни ланци, крстови и „ноктиња“. Во однос на прашањето зошто жените сакаат лоши момци, ставот на Ирена е дека жената си е досадна сама на себе па бара нешто да и е интересно во животот, да ја размрда, да ја упропасти.

Мартин како единствениот претставник на посилниот пол одлично ја одбрани тезата дека жените самите си ги поставуваат стереотипите една на друга и затоа тие постојат.

Гледајте „Нешто конкретно“ со Снеже Велков секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.