Бразилската манекенка Адријана Лима пред две недели за последен пат прошета по пистата за Victoria’s Secret.
По 20 години кариера како Ангел на најпознатиот бренд за долна облека на светот, Лима одлучи да ги „пензионира“ ангелските крилја.
Веста беше пренесена како „крај на една ера“ во светот на моделите, бидејќи Адријана беше едно од најпрепознатливите лица (и тела!) на овој бренд, а многумина ја нарекуваа „најдобриот ангел“.
Лима (37) деновиве се појави на настан во Мајами каде со себе го донесе целиот сексапил и гламур по кој е позната.
Неспоредливата бринета покажа како се носи мал црн фустан во комбинација со шпиц салонки, голема панделка на појасот, заводлива шминка и коса залижана наназад.
Манекенката има две ќерки, 8-годишната Валентина и 6-годишната Сиена, од бракот со кошаркарот Марко Јариќ.