Адријана Лима сакала да стане калуѓерка: Многу е религиозна

Познатата манекенка Адриана Лима го плени светот со својата убавина, а нејзиниот приватен живот често привлекуваше големо внимание.

Имено, кога имала само шест месеци, нејзиниот татко го напуштил семејството, па нејзината мајка морала сама да ја одгледува.

ПОЈАВУВАЊЕТО НА СЦЕНА

Лима всушност има афро-бразилска, португалска, швајцарска, јапонска и индиска крв и зборува португалски, англиски, италијански и шпански.

Манекенката е многу религиозна, па секогаш ја носи Библијата во бекстејџот и се моли пред секое појавување на пистата.

Како што пренесуваат странските медиуми, како мало девојче многу сакала да стане калуѓерка. Во една прилика открила дека кога била помлада се срамела што е во машко друштво, и дека првпат се бакнала на својата 17-та година.

Во интервју за GQ во 2006 година, таа призна дека се уште е девица и дека се штеди за брак.

-,,Имам намера да останам девица до брак. Момците кои се со мене мора да го прифатат тоа, бидејќи тоа е мој избор” – истакна таа.

Адријана подоцна се омажи за српскиот кошаркар Марко Јариќ и со него доби две ќерки, Валентина и Сијена. Иако се разведоа, двајцата останаа во одлични односи.

Во меѓувреме, манекенката среќата ја најде со филмскиот продуцент Андре Лемарс, со кој минатата година доби син.

Пронајдете не на следниве мрежи: