Слободна Европа објави опширен текст за оваа институција за која одамна се зборува дека служи за вдомување на заслужните партиски кадри, често за сопругите на високите функционери, како и за нивни поблиски и подалечни роднини.
Кои се членовите на Комисијата на АЕК
Од петмина членови на комисијата на АЕК, двајца доаѓаат од редовите на СДСМ. Во ребалансот на буџетот на АЕК за петчлената комисија за лични примања се одвоени вкупно 118 илјади евра, или по речиси 2 илјади евра бруто приход месечно.
Кој не сака да е тука? Додека истовремено никој не зборува што навистина работи оваа агенција и дали воопшто постои оправданост од ваков ФОРМАТ, БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ И ВИСИНА НА БУЏЕТ…
Според овогодишниот буџет на Агенцијата, вкупно 1,8 милиони евра се предвидени за нето износ на плати, што значи дека во просек вработените во оваа агенција добиваат илјада евра плата. Поранешен вработен во Агенцијата, кој побара да остане анонимен, изјави дека основна плата на директорот е 90 илјади денари, додека неговите советници во кабинетот добиваат по најмалку 75 илјади денари.
Платите таму се фантастични и за оваа агенција, за која баш и не се знае што работи – непримерни. Имено, нема никаква оправданост да се двојат толку пари во време на криза и секако да се НЕМА ЈАВЕН ИЗВЕШТАЈ за потребите од толкава вработеност.
Еве што пишува СЕ:
Сопруги, ќерки и синови на сегашни и поранешни функционери како и поранешна пратеничка се дел од 150-те вработените во Агенцијата за електронски комуникации. Во изминативе четири години бројот на вработени во оваа институција е зголемен за нови 20 луѓе.
Сопругата на министерот за надворешни Бујар Османи, Валбона Хаџи Османи е вработена во АЕК како советник за меѓународна соработка, потврдуваат од АЕК. Министерот Османи за Радио Слободна Европа вели дека неговата сопруга е вработена во АЕК пред четири години. Османи во јуни 2017 година е назначен како Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања. Неговата сопруга е вработена во февруари 2018 година. Директор на АЕК е негов сопартиец, Јетон Акику кој на таа функција беше именуван во декември 2020 година.
Покрај неа на списокот се и сопругите на поранешните генерални секретари на минатата влада Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, Христина Протоѓер и Кристина Божиновска. Едната како соработник за човечки ресурси, другата како раководител на сектор за регулатива. За нив Антикорупциската комисија ги затвори предметите откако по нивно разгледување во 2019 утврди дека не е надлежна. Причината беше што во периодот кога се отворени, нивните сопружници повеќе не беа на фунција.
Меѓу претходно вработените е Бојана Стефановска, ќерка на Елена Гошева која беше претседателка на Уставниот суд во периодот од 2013 до 2016 година, за чие вработување имаше отворен предмет во Антикорупциската комисија во 2019 година, но го затвори затоа што нејзината мајка повеќе не е на функција.
Меѓу вработените во АЕК е и сестрата сестра на Андреј Лепавцов, македонски амбасадор во 2011 година во ЕУ, Драгица Лепавцова како раководител на служба за меѓународна соработка.
ИЗВОР: СЛОБОДНА ЕВРОПА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.