Порталот Lideri.mk стапил во контакт со неколку пекари во Урошевац, Косово, кои рекле дека можат да донесат леб во Скопје и по цена од 30 денари.
- Германија испрати писмо до пет членки на ЕУ. „Вака веќе не оди“
- Тој ја остави камерата на дното на океанот, а она што го сними ги преплаши многумина: „Ова е мојот најлош кошмар!“ (фото/видео)
- Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на македонската изворна песна
- Овие четири хороскопски знаци се најљубоморни во врските. Дали и вие сте меѓу нив?
- Јадењето на овој појадок само два дена може да го намали холестеролот
„Ние го правиме стандардниот леб од 500 грама. Ако направиме 450 грама како во Северна Македонија, можеме да ги донесеме за 27 или 28 денари, плаќајќи ја потребната царина и даноци“, велат тие.

Истовремено, тие се изненадени од реакцијата на пекарите во Северна Македонија кои поради замрзнувањето на цената од 33 денари ги оставија рафтовите на пазарот празни.
„Овој револт нема економска логика, бидејќи цените на пченицата на меѓународните пазари се намалуваат, а се намалија и цената на нафтата и енергијата. Сигурно нашите колеги ја злоупотребуваат положбата на пазарот.
Не знам како стојат законите кај вас, но ако се прави ваква злоупотреба на Косово, казните се многу строги“, велат пекарите со кои контактирале во Урошевац.
извор: almakos.com.
Пронајдете не на следниве мрежи:



