Порталот Lideri.mk стапил во контакт со неколку пекари во Урошевац, Косово, кои рекле дека можат да донесат леб во Скопје и по цена од 30 денари.
- Трамп подготвува нови царини за Кина, ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја
- Конечна пресуда: Сенегал го врати трофејот од Африканскиот куп на нации по невидениот фудбалски скандал
- Како да откриете кое е вашето идеално време за спиење?
- Јамал станува татко? Го објави раѓањето на детето со прослава, реакцијата на неговите соиграчи стана хит
- Анкета во Германија: 53 проценти од граѓаните се против воена помош за Украина
„Ние го правиме стандардниот леб од 500 грама. Ако направиме 450 грама како во Северна Македонија, можеме да ги донесеме за 27 или 28 денари, плаќајќи ја потребната царина и даноци“, велат тие.

Истовремено, тие се изненадени од реакцијата на пекарите во Северна Македонија кои поради замрзнувањето на цената од 33 денари ги оставија рафтовите на пазарот празни.
„Овој револт нема економска логика, бидејќи цените на пченицата на меѓународните пазари се намалуваат, а се намалија и цената на нафтата и енергијата. Сигурно нашите колеги ја злоупотребуваат положбата на пазарот.
Не знам како стојат законите кај вас, но ако се прави ваква злоупотреба на Косово, казните се многу строги“, велат пекарите со кои контактирале во Урошевац.
извор: almakos.com.





