Азербеџан сруши руски воен хеликоптер над Ерменија

Предмалку Азербеџан потврди дека по грешка го срушиле рускиот хеликоптер и се извини.

Се очекува реакција на Москва.

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека еден од нивните хелихоптери бил урнат над Ерменија, во близина на нејзината граница со Азербејџан.

Во соопштението се наведува дека два члена на екипажот загинале, а еден е повреден. Според руската одбрана хелихоптерот Ми-24 бил погоден од земја со рачен против воздушен ракетен фрлач додека обезбедувал воздушно покривање на руски воен конвој возила.

Русија е клучен сојузник и воен снабдувач на Ерменија која е во конфликт со соседниот Азербејџан поради отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах. Вчера Азербејџан соопшти дека неговите сили го зазеле градот Шуши, втор по големина град во регионот кој се наоѓа на главниот пат кој ги поврзува главниот град на Нагорно Карабах Степанакерт со Ерменија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.