Азиско-пацифичките берзи со пад по негативните вести од САД

Клучните берзи во Азиско-пацифичкиот регион го отворија тргувањето во петокот, 1-ви март, со пад поради негативните вести од САД.

 Индексот на токиската берза Nikkei 225 во првите минути од тргувањето забележа пад од 0.32 отсто, на 11.525,77 поени. Австралискиот индекс S&P/ASX 200 на почетокот на тргувањето загуби 0,38 отсто, на 5.078,90 поени. Берзата во Сеул во петокот не работи поради национален празник – Денот на независноста на Јужна Кореја, а инаку на крајот од тргувањето во четвртокот, јужнокорејскиот индекс KOSPI се зголеми за 1,12 проценти, на 2.026,49 индексни поени.
На расположението на инвеститорите негативно влијаеја вестите од САД, каде што претседателот Барак Обама во петок треба да се сретне со лидерите на двата дома на Конгресот, за да преговараат за тоа како да се избегне автоматското скратување на буџетските расходи. Автоматското скусување на буџетот – скратување на расходите на 1,2 трилиони долари во текот на следните десет години и 85 милијарди долари до крајот на тековната фискална година, рамномерно распоредени меѓу воените и цивилните сфери, којашто започнува по 1-ви март, доколку администрацијата и Конгресот не постигнат договор за начините на кој ќе се намали буџетскиот дефицит.
Макфакс
Клучните берзи во Азиско-пацифичкиот регион го отворија тргувањето во петокот, 1-ви март, со пад поради негативните вести од САД.

&n

Пронајдете не на следниве мрежи: