Азиско-пацифичките берзи со раст по оптимизмот во САД

Клучните берзи во Азиско-пацифичкиот регион го отворија тргувањето на вторникот 12-ти март, со раст во опсегот до 0,09 до 0,68 отсто во услови на општиот оптимизам што владееше на американските берзи.Така, јапонскиот индекс на берзата во Токио, Nikkei 225 во првите минути од тргувањето порасна за 0,68 отсто, на 12.433,6 поени. Јужнокорејскиот индекс KOSPI се зголеми за 0,13 отсто, до 2.006,01 поени. Австралискиот индекс S&P/ASX 200 на почетокот од тргувањето порасна за 0,09 проценти на 5.155 индексни поени.Американски берзански индекси го завршија тргувањето во понеделникот со раст во распон од 0,26 до 0,35 отсто во атмосфера на надежите на инвеститорите за решавање на проблемите поврзани со американскиот буџетски дефицит, и општото позитивно расположение што владееше на пазарите.Позитивизмот на американските берзи беше поврзан со објавувањето во понеделникот на подобрите од очекувани резултат од тамошниот пазар на трудот, како и инвеститорите надежите дека централната банка на САД – Federal Reserve (Fed) ќе ја поддржи политиката на спроведување програми за поддршка на националната економија.
МакфаксКлучните берзи во Азиско-пацифичкиот регион го отворија тргувањето на вторникот 12-ти март, со раст во опсегот д

Пронајдете не на следниве мрежи: