Акни на задникот: Како да се ослободите од нив еднаш засекогаш?

Малите израстоци на вашиот задник се всушност фоликулитис. Тие настануваат од остатокот на мртвите клетки на кожата и бактериите што се создаваат во коренот на влакната. Оние кои редовно вежбаат се склони на ваквиот вид акни поради потта и тесната облека што ја носат за време на вежбањето, но постојат неколку начини како да го спречите настанувањето на овие непријатни акни.
1. При туширање користете производи што содржат бензоил пероксид
Ако сакате да ги искорените акните на задникот и непријатните израстоци што настануваат од нив, кога се туширате или бањате користете производи за туширање што во себе содржат бензоил пероксид. Оваа состојка обично се користи во производи наменети за масна кожа склона кон акни. Тој делува така што ги суши и чисти заробените мртви кожни клетки и на тој начин акните исчезнуваат. 
2. Одзатнете ги порите со салицилна киселина
Затнатите пори на задникот најдобро ќе ги одзатнете со салицилна киселина што се наоѓа во производите кои се користат во борбата против акните. Неколку пати неделно, чистете го задникот со производи што содржат салицилна киселина, бидејќи таа ќе ги одзатне порите и ќе ги дезинфицира. Кожата на задникот е како кожата на лицето, сè што делува на акните на лицето, ќе делува и на задникот.
3. Користете лосион со млечна киселина
Ако мислите дека по доброто чистење на местата каде што имате акни треба да ја хидрирате кожата, во право сте, но немојте да користите обични лосиони. Класичните лосиони ќе ги затворат порите и уште повеќе ќе ви наштетат. Користете лосион со млечна киселина, бидејќи таа нежно ги отстранува мртвите клетки од кожата ќе ви помогне да се ослободите од акните.


4. Секогаш туширајте се по вежбање
Признајте дека понекогаш не се туширате веднаш по тренингот, туку седите во испотената облека од теретана. Оваа лоша навика може да доведе до создавање акни на задникот, па затоа најдобро би било да се истуширате веднаш по вежбањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.