Ако без проблем ја изговарате оваа реченица, вие сте попаметни отколку што мислите

Паметните луѓе ги красат особини како љубопитност, добра смисла за хумор или прилагодливост, но и отвореност кон нови знаења.
Исто така, тие имаат една заедничка особина која ги разликува од просечните личности, а тоа е дека знаат да кажат “не знам” без никаков проблем ако навистина се најдат во ситуација или проблем за кој не знаат решение.


Истражувачите Џастин Кругер и Дејвид Данинг објавија студија во магазинот “Journal of Personality and Social Psychology” која покажала дека помалку интелигентните луѓе ги преценуваат своите знаења и вештини.
Експериментот бил спроведен помеѓу средношколци кои по напишаната матура требале да ги проценат сопствените способности во решавање на задачите. Матурантите кои тврделе дека одлично го решиле испитот имале најниски резултати во генерацијата.
За разлика од нив, матурантите со најдобри резултати го потцениле бројот на точно решените задачи. Истражувачите тврдат дека луѓето кои ги преценуваат своите можности и вештини наидуваат на два проблема – донесуваат одлука врз темел на погрешно тврдење и немаат способност да сфатат каде грешат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.