АКО ВЕ ТЕПААТ, ГЛАСНО БАРАЈТЕ ПОМОШ: Хелсиншки комитет ги советува припадниците на ЛГБТ да бидат внимателни за време на протестот на МПЦ-ОА

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот на МПЦ-ОА, но нашата грижа за заедницата овојпат нѐ приморува на тоа, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

ДАЛИ Е ОВА АЛИБИ И НЕКОЈ СЕ ПРАВИ ЖРТВА ЗАРАДИ ДРУГИ НАМЕРИ ОСТАНУВА ДА СЕ ВИДИ. ИОНАКА СЕ ЗНАЕ ДЕКА ЛГБТ АКТИВИСТИТЕ ИМААТ СЕРИОЗНИ ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ КОИ МОЖЕБИ НА ВАКОВ НАЧИН ТРЕБА ДА СЕ ОПРАВДААТ??
АКО ВЕ ТЕПААТ, ГЛАСНО БАРАЈТЕ ПОМОШ: Хелсиншки комитет ги советува припадниците на ЛГБТ да бидат внимателни за време на протестот на МПЦ-ОА

„Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“, се вели во соопштението.

Оттаму советуваат:

1.Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот.

2.Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор.

3.Движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори.

4.Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата.

5.Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе.

6.Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции.

7.Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции.

8.Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.

„Свесни сме дека ЛГБТИ заедницата ретко пријавува случаи на насилство и прекршување на права до институции и затоа ви излегуваме во пресрет. Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување можете да го пријавите во Хелсиншкиот комитет за човекови права на следните телефони: Од 09:00 до 15:00 часот, 02/3119073. Од 15:00 натаму 078/734217. Чувајте се и останете во добро здравје“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.