Ако ви останале велигденски јајца, веќе не смеете да ги јадете – ова е причината

Многу е тешко да процениме колку јајца се потребни за фарбање за време на Велигден, па многу од нас подоцна ги дојадуваме јајцата со недели. Кај и да одиш на гости, секаде има варени јајца.
Но, ретко сме свесни за фактот дека готвените јајца имаат многу пократок рок на траење од оние свежите. Основно е правилото дека јајцата треба да се чуваат во фрижидер, а не да стојат во кошничка на маса како во секоја куќа.
-Ако се остават јајцата подолго од два часа на собна температура, тоа може да предизвика раст и размножување на бактериите во нив, советуваат американските нутриционисти.
Секоја година по Велигден во болница се пријавуваат многу повеќе пациенти со симптоми на гастроентеритис, односно со труење на желудникот. Симптомите може да варираат од блага непријатност, надуеност и промена во изметот, сѐ до јака мачнина, повраќање и пролив.
До труење доаѓа бидејќи преку термичката обработка, се намалува заштитниот слој кој ја обвиткува лушпата, што го чува јајцето. Тогаш јајцето е изложено на воздух, температура и бактерии.
За да не дојде до ова, јајцата кои ги чувате на собна температура, треба да ги консумирате истиот ден, додека оние во фрижидер може да се јадат најмногу шест дена. Знак дека јајцето се расипало е остриот мирис кој потсетува на сулфур.
Бидејќи јајцата се фарбаа минатиот четврток или во сабота, веќе е време да престанете да ги јадете. Нивниот рок е поминат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.