Ако ви отекуваат нозете, тоа може да е знак за овие 6 сериозни проблеми!

Многу причини за отекување на нозете, како што се долготрајното стоење или седење, односно полесните повреди, се релативно безопасни и лесно може да се препознаат.
Сепак, понекогаш отекувањето на нозете може да биде знак за сериозни нарушувања, како што се срцеви болести или згрутчување на крвта.
Отечените нозе, познати како периферен едем, и задржувањето на водата, може да предизвикаат сериозни грижи кај луѓето кои го имаат овој проблем.
Прочитајте ги шесте најчести причини за отеченост на нозете…


Недостиг од физичка активност
Повеќето проблеми со отекувањето на нозете се предизвикани од помали циркулациски проблеми што се јавуваат кога луѓето не се движат доволно и тоа предизвика насобирање вода во нозете.
Ако поголемиот дел од времето го минувате седејќи во канцеларија или пред телевизорот, тогаш вашите отечени нозе се обидуваат да ви испратат порака: „Мора повеќе да се движиме!“. Овој проблем лесно може да се реши. Излезете на прошетка, заменете го лифтот со скали, почнете со вежбање или што и да ви одговара за да се раздвижите.
Згрутчување на крвта
Згрутчувањето на крвта во нозете не е толку сериозен проблем колку што се чини на прв поглед иако може да биде опасно, ако не се лекува. Шансите за појава на крвно згрутчување се зголемува со текот на годините и често се јавува кај трудниците.
Редовното држење на ногата на повисока положба во текот на седењето или лежењето може доста да помогне. Помагаат и стегнатите чорапи, но треба да внимавате да не бидат толку стегнати што ќе предизвикаат црвени траги на кожата. Постојат и компресиски чорапи што помагаат со овој проблем.
Лоша исхрана
Лошата исхрана е една од водечките причини за отекување на нозете, бидејќи таа предизвикува непожелно задржување на течности во нозете и рацете, во потешките случаи. Ова им се случува на луѓето кои јадат пресолена храна, бидејќи преголемата количина на натриум го поттикнува телото да задржува вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.