Ако влезат, ќе им го срамниме островот со земја, предупредува Грција

Како што пренесува „Танјуг“ началникот на генералштабот на грчката војска Евенгелосос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција одлучно ќе одговори во случај на „ескалација на турските проокации“.
На средбата со грчките новинари Апостолакис ја истакнал оперативната способност и подготовеност на грчката војка во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.
-Ако влезат на некој ненаселен остров, ќе го срамниме со земја. Ова е таа црвена линија која е прифатена и од страна на владата – изјави за „Катимерини“ началникот на Генералштабот на грчката војска, додавајќи дека за Грција е најважно да обезбеди мир во регионот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.