Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

Дали знаете дека лековите и сончањето не се добра комбинација? Ако земате одредени лекови, треба да избегнувате изложеност на сончева светлина и високи температури. Некои кремови за акни, антибиотици и антидепресиви во комбинација со сончевите зраци можат да доведат до разни несакани ефекти. Затоа е многу важно внимателно да го прочитате упатството на секој лек што го консумирате, како и на кремовите и на другите препарати што ги користите. Одредени супстанции што ги има во овие производи ја прават вашата кожа почувствителна на светлина и може да предизвикаат алергиска реакција на кожата која може да се појави неколку дена по изложувањето на сонце. Ако користите некој од овие лекови, не треба да се изложувате на сончева светлина.
Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање
Антибиотици
Антибиотиците можат да предизвикаат фотосензитивност и фотоотоксична реакција, што значи дека тие ќе ги влошат изгорениците од сонцето.


Кремови за акни и козметика против стареење
Производите што содржат ретинол и салицилна киселина може да доведат до сува кожа и таа станува многу почувствителна на сонцето. Ова значи дека ќе изгорите многу побрзо од вообичаеното.
Лекови против алергија
Некои антихистаминици може да го намалат потењето. Потењето го лади телото и ги исфрла токсичните материи, па ова може да биде проблем при високи температури. Ако телото не може да се разлади, може да се појави топлотен удар.
Антидепресиви
Овие лекови можат да го блокираат сигналот (испратен од мозокот) дека вашето тело се прегрева. Тие исто така може да го намалат потењето, што доведува до потешко разладување на телото.
Антиинфламаторни лекови
Секогаш кога земате некој од овие лекови, задолжително нанесете крем за сончање на вашата кожа. Лекарите препорачуваат да ја намалите изложеноста на сонце колку што е можно повеќе.
Витамини и производи на растителна база
Многу витамини и производи на растителна база имаат фотоотоксични ефекти. Поради тоа, мора да бидете претпазливи кога ги консумирате.
Кремови за локална апликација
Изложеноста на сонце може да го зголеми ефектот на лековите што се апсорбираат директно преку кожата. Ако имате изгореници предизвикани од сонцето, крвните садови на површината на вашата кожа се прошируваат и тоа може да доведе до зголемена апсорпција на лекот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.