Ако двете страни имаат потреба од моја помош, подготвени сме да помогнеме, изјави Нимиц

По средбата со грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос денес во Њујорк медијаторот Метју Нимиц изјавил дека Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу двете држави.
-Како претставник на Обединетите нации подготвени сме да бидеме од помош како што процесот се предвижува напред, рече Нимиц.
Како што пренесе „Гласот на Америка“ иако тој во изминативе месеци бил во контакт со двете страни, сепак одбил да коментира за политичкиот процес што се одвива и во Македонија и во Грција.
-Ако и двете страни имаат потреба од моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат, изјави Нимиц.
Катругалос истакнал дека на средбата со Нимиц ја повторил „посветеноста на Грција на духот и на содржината на Договорот од Преспа, со предусловот што се подразбира, дека оваа посветеност е заемна и за другата страна“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.