“Ако загинам, кажи им на сите дека бев добар“, му рекол на другарот кој го снимал и скокнал од мост во Шибеник (ВИДЕО)

Во средата утрото 33-годишен маж од Хрватска скокнал од мост во Шибеник, но за среќа останал жив. При скокот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на лекување во болница.
“Мажот е хрватски државјанин, а се здобил со тешки телесни повреди и е надвор од животна опасност, но е задржан на лекување во болницата во Шибеник“, рекла портпаролката на полицијата во Шибеник.
Сведоците на немилата случка кажале дека нивниот пријател снимал се со телефон, а снимката се проширила на социјалните мрежи.
Ако се суди според снимката, 33-годишникот изгледа дезориентирано и се чини дека е под дејство на алкохол и опијати. Пред да скокне тој на пријателот му рекол: “Ако загинам, кажи им на луѓето дека бев добар“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.