Ако имате седечка работа, јадете ја оваа храна

Ако работите во канцеларија, на благајна, на компјутер или, всушност, речиси секоја работа која не е физичка, тогаш сигурно тешко можете да го избегнете осумчасовното седење, и тоа од ден во ден. Бидејќи нашето тело еволуцијата не го создала за седење туку за движење, тоа има големо влијание (и тоа лошо) на организмот.
Кој долго седи, почесто е гладен, склон е на почести воспаленија, зголемен крвен притисок како и на зголемен шеќер. Поради тоа многу е важна здравата исхрана. Овие производи треба задолжително да се најдат на вашето мени:
1. Зрнесто овошје. Ако редовно го консумирате, можете да ги намалите воспалителните процеси во телото. Причина за тоа се флавоноидите кои зрнестото овошје ги содржи. Најдобро е веќе наутро да се изеде нешто од тоа вкусно овошје богато со вредни хранливи материи: смути од зрнесто овошје со мусли.


2. Јаткасти плодови. Во нив, на пример, во оревите, има многу омега-3 масни киселини. Бадемите изобилуваат и со антиоксиданти и со витамин Е. Тоа ги штити клетките и се грижи за убавата кожа.
3. Ананас. Ананасот е полн со бромелаин, кој дејствува противоспалително.
4. Маслиново масло. Ова масло е вистинско маѓично оружје: дејствува противвоспалително и го намалува ризикот од болестите на циркулаторниот систем.


5. Куркума. Овој портокалов зачин не е добар само поради својот убав изглед, односно бојата која ѝ ја дава на храната – исклучително е здрав и дејствува противвоспалително.
6. Лук. Лукот е ароматичен додаток на разните јадења, но и успешно се бори против воспаленијата. Лукот, исто така, го регулира нивото на шеќер во крвта, како и маснотиите во крвта.
7. Мрсна риба. Помрсните риби, како лососот или харингата, содржат многу омега-3 масни киселини. На телото му се потребни тие киселини за важните процеси за размена на материите, а не може да ги произведе сам. Поради тоа е потребно дополнително да се внесуваат.
8. Авокадо. Се смета за најздравото овошје на светот. Олеинската киселина е една од најздравите состојки на авокадото. Тоа содржи мононезаситени маснотии, а тие го одржуваат здравјето на мускулните клетки, но и ефикасно се борат против масното ткиво на стомакот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.