Ако мажената жена изгледа добро, и покрај нејзината возраст: Еве кој е заслужен за тоа!

Ако мажената жена изгледа добро и покрај нејзината возраст, морате да му дадете признание и да му подадете рака и на нејзиниот сопруг. Погледнете го гордо во очи. Тоа делумно е и негова заслуга.
Со тоа што тој не ѝ приредувал непријатни ситуации, не ѝ ги наметнувал неговите обврски, не ја обвинувал, не ја критикувал, не повишувал тон и не употребувал груби зборови, направил таа да се чувствува посреќно.
Ја прегрнувал, ја бакнувал и ѝ пружал љубов. И давал комплименти и пофалби. Ја штител од опасности. Ја тешел, кога била загрижена. И благодарение на неговото добро однесување, тој има убавица покрај себе.


Во 40-тите години на жената тоа е најочигледно! Сопругата на пристојниот маж е убава, елегантна и спокојна. Таа седи и се насмевнува, или работи нешто со задоволство. Или едноставно се шета со сопругот за рака навечер, а сите останати мажи му завидуваат. Тие помислуваат: „Зошто мојата сопруга не изгледа вака?“.
Покрај секоја мажена, возрасна убавица, стои тој на кој таа му подава рака – нејзиниот сопруг.
Се разбира, има и убави дами кои се сами, а веројатно има и жени кои се во несреќен брак, кои сепак успеале да ја сочуваат убавината и достоинството. Но, тие сепак се ретки.
Мора да ја негувате љубовта кон вашата сопруга уште од почетокот од бракот и тогаш сигурно ќе имате убава и паметна жена покрај себе. И сите ќе речат: „Тој имал среќа да ја има оваа жена покрај себе!“.
Можеби и имал среќа, но тоа е заслуга и на мудриот и добар сопруг. Изгледот на жената многу зависи од неговото однесување кон неа. Со добри зборови, жените сјаат и се подмладуваат од убавите зборови, а од силните прегратки стануваат неодоливи. Бакнежите, пак, ги прават уште поубави и подобри…
Изгледот на жената секогаш може да укаже и на тоа каков сопруг таа има покрај себе, таков кој ѝ пружа љубов и поддршка или ја навредува и омаловажува.
Сакајте ги вашите сопруги, затоа што има една американска поговорка која вели: „Happy wife – happy life!“ („Среќна сопруга – среќен брак!“).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.