Ако можат да вежбаат можат и да пукаат: Руската армија „лови“ војници во теретана

Шокантен настан во вечерната сесија во фитнес студио во Москва се случил кога внатре влегле службеници на руската армија и ги одвеле сите способни момци да се пријават за учество во војната во Украина, објави „Мирор“.

Посетителите на теретаната ненадејно биле прекинати во трчањето, правењето стомачни и дигањето тегови, кога службените лица им наредиле да легнат на земја во фитнес студиото „Спринт“ во источна Москва. Таму полицијата требало да бара илегални мигранти и такви што бегаат од служење во војската. Со недели вакви „рации“ се случуваат во руските градови, во обид да се зголемат бројките во руската армија.

Русите што биле затекнати во фитнес студиото биле однесени во канцеларии за регрутација за да им бидат проверени документите. За тие што не биле државјани, имало ултиматум, или да се пријават за служење или да бидат депортирани, пишува „Мирор“.

Сведоците велат дека на жените им било дозволено да си одат од теретаната, а мажите биле процесуирани.

-Бев на лентата за трчање, си гледав своја работа. Одеднаш, некој ме потчукна по рамото. Се свртев и што да видам, сите беа легнати наземи, со лицето кон земјата, вели еден од посетителите.

Пронајдете не на следниве мрежи: