„Ако пекарите не работат, а невестите не знаат, има евтини машинчиња, ем месат ем печат“ – социјалните мрежи се полни со коментари за состојбата со недостигот од леб во продавниците.
- Идната кралица на Шведска облече униформа, а цивилите добија летоци за да се подготват за војна
- Производителите предупредуваат на нов бран поскапувања, доколку продолжи да расте цената на струјата на берзите
- Јонсон: Шведска ќе го финансира производството на украински дронови со голем дострел
- Шпанија станува четвртата земја која подготвува прирачници со упатства во случај на војна
- Украински воен функционер: Изгубивме 40 отсто од територијата во регионот Курск
На овој простор освен негодување од однесувањето на пекарите, се шират и рецепти за домашна подготовка на леб од сите видови брашно, како и модели и цени на пекачи.
Можеби навистина граѓаните ќе ги сменат навиките, па вруќиот леб наместо да го купуваат од фурна, ќе го вадат од рерната во својот дом. Зашто, утрово Македонија остана без бел и полубел леб, кој требаше да е со замрзната цена.
Пекарите не извршија испорака, односно ја реализираа заканата искажана во контекст на владината мерка. Некои специјализирани продавници се и сосема празни, нема никакви видови печива.
Продавачите, пак, во маркетите, уште вчера им сугерираа на купувачите во корпите да стават и леб. За секој случај. Иако, оние поскапите видови од најосновната намирница, се уште ги има на рафтовите.
Во „Службен весник“ број 44, со вчерашен датум, веќе се објавени владините одлуки – за определување највисока цена на одделни производи и за запирање на субвенционирањето на цената на струјата за прехранбениот сектор.
Ова беше сигналот кој го чекаа компаниите од пекарската индустрија. Како ќе постапуваат понатаму, допрва ќе се види. Засега, очигледен е револтот што го предизвикаа кај граѓаните, кои немаат разбирање за нивното однесување. Оттаму и апелот, и Владата да го исполни ветеното – да ја активира Пазарната инспекција.
ИЗВОР: ПАРИ.МК
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.