Ако не го сменат котелот Шилегов ќе ја затвори Гинекологија во Чаир

Ако во рок од 30 дена Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир од градоначалникот Петре Шилегов доби рок од 30 дена да го промени начинот на греење, во спротивно ќе биде затворена. Болницата се грее на мазут и затоа изминативе денови во јавноста се појавија видеа со црн чад кој излегува од оџакот. Денес Шилегов кажа дека Инпекторатот на Град Скопје веќе два пати направил контроли во болницата и било констатирано дека со начинот на греење се загадува воздухот.
-Инспекторатот до сега два пати има интервенирано во Гинекологија Чаир. Денеска повторно е упатен инспекторот како последна опомена до болницата и до Министерството за здравство да си го променат котелот. Доколку не постапат на тој начин, болницата ќе биде затворена од страна на Градот. Не сакаме да предизвикаме некаква криза, меѓутоа мора конечно секој да си одговори на сопствените обврски. Ако тој котел загадува, а загадува бидејќи два пати е веќе констатирано, мора да се интервенира. Дописот денеска покрај до директорот на болницата ќе го испратиме и до министерот за здравство Венко Филипче. Очекувам дека во рокот од 30 дена ќе реагираат, рече Шилегов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.