Ако не можете да ослабите, можеби ви недостига овој витамин

Недостатокот на еден витамин би можел да биде причина за необични тегоби, вклучително и неможност на губење килограми.
Во прашање е витаминот Б12 кој има главна улога во голем број основни телесни функции, вклучително и во синтезата на ДНК-та и создавањето на црвените крвни зрнца. Исто така, му помага на телото мастите и протеините да ги претвори во енергија, како и во разградувањето на јаглехидратите.
Недостатокот на Б12 може да предизвика различни тегоби, вклучително и неможност да ги изгубите килограмите.


Во студија објавена во US National Library of Medicine е испитувана врската меѓу витаминот Б12 со дебелината, резистенцијата на инсулин и метаболички синдром. Во студијата учествувале 976 пациенти од кои 414 биле многу дебели, 212 умерено, а 315 ја сочинувале контролната група.
„Нивото на витаминот Б12 било значително пониско кај дебелите учесници отколку кај оние од контролната група“, стои во студијата.
Заклучено е дека ниското ниво на овој витамин е поврзан со дебелината, но не и со резистенцијата на инсулин и метаболички синдром.
„Витаминот Б12 е во негативна корелација само со индексот на телесната маса“, стои во заклучокот.
Дополнително истражување на Универзитетот Бастир во САД откри дека оние кои земале додаток на витамин Б12 во текот на 10 години биле помалку дебели од оние кои не го правеле тоа.
„Потребно е дополнително проучување пред да се донесат препораки со овие суплементи“, е заклучено по оваа студија.
Американскиот Национален институт за здравје препорачува 2,4 микрограми витамин Б12 за секого над 14-годишна возраст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.