Ако не му се одложи казната Груевски по 15 дена во приемно оди во ќелија

Во истражниот затвор „Скопје“веќе пристигнал упатниот акт за издржување на двегодишната затворската казна на Никола Груевски. Според тоа доколку на екс премиерот  не му биде одложено издржувањето на казната, тој на 8 ноември ќе треба самиот да се пријави во затворот.
Во затворот ќе биде пречекан од тим од приемното одделение составен од психолози, педагози и други стручни лица, кои по извршениот разговор ќе треба да одлучат дали тој ќе престојува во затворено, полуотворено или отворено одделение. Приемното одделение се состои од три соби со по четири кревети, каде Груевски може да биде задржан 15 дена, по што ќе добие сместување во ќелија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.