Здравствената агенција на Европската унија ги повика државите членки кои забележуваат зголемување на случаите со коронавирус да воспостават повторно враќање на контролни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот“ во некои земји.
Агенцијата со седиште во Стокхолм изјави дека пандемијата сеуште претставува голема закана за јавното здравство, и покрај неодамнешниот пад на бројот на случаи, пишува „Гардијан“.
По ублажувањето на ограничувањата за движење и другите мерки, ширењето на вирусот продолжи, соопшти агенцијата.
Понатамошно зголемување на бројот на случаи на ковида-19 и грижа за болните, како и смртните случаи може да се ублажат доколку контролните мерки повторно се воведат или зајакнат навремено, пренесува агенцијата.
Земјите во кои сега има зголемување на бројот на случаи, по преземањето на контролните мерки по привремено подобрување на епидемиолошката состојба, треба да размислат за повторно воспоставување и постепено утврдување на одредени мерки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.