Ако се пресели во Реал, нема Олимписки игри за Мбапе

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид испратил допис до националните фудбалски федерации дека нема да ги пушти своите фудбалери на Олимписките игри во Париз бидејќи нема обврска за такво нешто.

„Реал ве информира дека нема да дозволи настап на своите играчи на Олимпијадата. Тоа е прашање кое е сосема очигледно по прашање на спортското здравје, пред сезоната која ги очекува“, се вели во писмото од Реал.

Ова, практично, значи дека Килијан Мбапе, ако навистина се пресели во мадридскиот гигант претстојното лето, нема да учествува на Олимписките игри и покрај неговата голема желба. Најголемата спортска манифестација ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

Пронајдете не на следниве мрежи: