Ако се реши името НАТО ќе ја покани Македонија за членка

Ги поздравувам напорите за изнаоѓање решение, а ако се реши проблемот, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО, вели Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
– Навистина ги поздравувам напорите направени од двете страни, и од Скопје и од Атина, за да се обидат да најдат решение за прашањето за името. Го посетив Скопје пред неколку месеци, исто така разговарав со премерот Ципрас по мојата посета и ја поздравувам силната политичка поддршка за обидите за изнаоѓање решение на ова многу тешко и чувствително прашање. Но, ако прашањето за името се реши, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО, вели Столтенберг.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, генералниот секретар на НАТО говорејќи за проширувањето на Алијансата кажа дека вратата на НАТО останува отворена за нови членки, како што беше случај лани со Црна гора, а оваа година на самитот ќе се разгледаат кандидатурите на Босна и Херцеговина, на Грузија, но и на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.