Ако сте сами во 30-те ова мора да го знаете…

Да имате врска во триесеттите години е различно отколку да имате врска во дваесеттите години. Кога сте постари, на ваквите односи гледате поинаку отколку во претходниот период кога сте имале други приоритети.
Ако барате партнер за сериозна врска, ова се работи кои ќе ви помогнат …
Од партнерот, во овој период ќе имате поинакви очекувања. Вие во овој период веќе добро се познавате себеси и каква сте личност и што очекувате од врската.
Ако од друга страна нема самокритичност, тоа треба да биде црвено знаменце за предупредување дека треба да се побара некој друг.
Знаете како да работите на себе и кои работи можете да ги промените за одржување на врската, од кои нема да отстапите.
Разговорите за сексот се полесни бидејќи знаете што сакате и нема табуа.
Подобро ќе прифатат двете страни да имаат свој приватен живот кој ќе биде одделен од вашата врска, пријатели кои ги имате со години, хоби, кариери …
Во овој период сте веќе финансиски независни и имате свои навики за трошење и располагање со пари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.