Никола Станишиќ, Македонецот кој по пет години одлучи да се врати во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и повторно да се натпреварува, овојпат успеа да победи.
Како награда ќе добие продукциски договор, но дома си заминува и со автомобил.
Единствениот македонски претставник во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ вчера имаше настап за паметење.

Со емотивна изведба на големиот хит на „ДНК“, Ако утре ме нема, ги освои срцата на целиот регион.
Никола им оддаде почит на жртвите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Станишиќ е роден на 18 февруари 2000-та во Скопје.