Актерката е доказ дека може да носите бикини и на 65 години и да изгледате неодоливо: „Многу сум нежна кон себе – тоа е тајната“

Шерон Стоун докажува дека сè уште можете да носите бикини и на 65 години, но нејзината фотографија обожавателите воочиле еден неодолив детаљ.
И на 65 години, Шерон Стоун нè потсетува дека можеме грациозно да си ги прифатиме годините и, и натаму да бидеме на врвот од нашата привлечност.

Најновите објави на ѕвездата се неодоливи, а некои на фотографијата воочиле интересен детаљ којшто може да го забележат само оние кои детално ќе ја погледнат фотографијата.

Шерон со своите 3,7 милиони следбеници на Инстаграм споделила селфи фотографија на која е прикажана нејзината прекрасна фигура на тело во бикини.


Шерон изгледа ладно и лежерно со својата препознатлива кратка, руса коса и со црните очила за сонце. На фотографијата која е направена во дневната соба од вилата во Беверли Хилс, можеме да видиме необичен декор којшто „ѕирка“ во позадина и мебел.
Фановите со „остро око“ на фотографијата забележале еден детаљ којшто навистина го привлекол вниманието, а тоа е преслаткото куче на актерката – Бандит. Пред неколку години, мајката на три деца ги открила своите трикови во кои се колне дека ја одржуваат нејзината витка фигура на тело. Некои од нив вклучуваат 8-часовна рутина на спиење, редовни тренинзи, пливање и капење во купка.

Своите навики во исхраната таа ги нарекува едноставни и здрави:
„Мојот омилен појадок е лубеница со фета сирење и нане, со маслиново масло, сол и бибер. Тоа вообичаено го консумирам со чај и парче тост без глутен“.
Шерон открила дека кога стомакот ѝ е „вознемирен“ пие чаеви од лимон, ѓумбир и нане.

Актерката додала: „Многу сум нежна кон себе и работите кои ги користам“.

Актерката е доказ дека може да носите бикини и на 65 години и да изгледате неодоливо: „Многу сум нежна кон себе – тоа е тајната“
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.