Актерката има 67 години, а изгледа нереално: “Ова е единствената вистина зошто изгледам вака”

За да изгледате витално и младолико во шеесеттите или седумдесеттите години од животот, потребна е челична волја. Наглото стареење, жените почнуваат да го чувствуваат веќе на прагот на педесеттата година.
И тогаш кога ќе се помирите со фактот дека времето го зема својот данок, се појавува жена која му пркоси на стареењето и стереотипите. Таа жена се нарекува Џејн Сејмур.

 

View this post on Instagram

 

Feeling blue today! ? Blue skies, blue ocean, and blue swimsuit! ? Thankful to be out enjoying this beautiful sunshine.

A post shared by Jane Seymour (@janeseymour) on


Во февруари, оваа популарна актерка ќе наполни 67 години, но нејзиното тело изгледа нереално.
Џејн има брчки, таа родила четири пати и успешно му одолева на трендот на пластичните операции, но најновата фотографија на Инстаграм покажува дека актерката не се откажала од борбата за виталност – таа се фотографирала во син, едноделен костим за капење во кој изгледа феноменално.
Сејмур почнала да тренира балет на пет годишна возраст, а веќе на 16 години морала да се откаже бидејќи имала сериозна повреда на двете колена. Тоа бил моментот кога таа одлучила да го замени балетот со актерство. Меѓутоа, оваа популарна актерка никогаш не се откажала од спортот – таа и денес активно се занимава со фитнес, игра тенис и ужива во секојдневното пливање.


Во текот на сите овие години, Џејн е голем противник на естетските корекции.
“Горда сум на своите брчки. Тие му даваат карактер на моето лице. Во работата со која се занимавам морате да бидете во состојба да го мрдате своето лице, а со ботоксот не можете да го правите тоа!”, изјавила Сејмур во една прилика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.