Актерката расплака многумина со објава за својата болест: „Мојот син избега од мене“!

Минатата есен на Селма Блер и дијагностицирале мултиплекс склероза која, помеѓу останатото влијае на подвижноста, а забавата после доделувањето на Оскарите бил прв свечен настан на кој Селма се појавила со бастун. Како што тогаш открила, со години ги игрнорирала симптомите и живеела во убедување дека тоа се само минливи тешкотии.
Сепак, откако се соочила со болеста, Блер одлучила да биде брутално искрена за своите падови со кои се среќава. Така во една од последните објави на Инастаграм открила трагична емотивна вистина за тоа како е да се биде родител додека се бориш со хронична болест.


„Ова е вистина. Лошо ми е. Повраќам и сето она што не е пристојно јавно да се говори. Мојот син избега. Од мене“, напишала глумицата покрај фотографијата на која е видно исцрпена.
Инаку, станува збор за фотографија која настанала откако примила терапија за мултиплекс склероза, велејќи дека токму тие третмани „земаат данок“ и често ја прават болна.
Сепак, таа не ја губи волјата и силата.


„Ќе минам низ сето ова. Ќе помине…Толку ми е мило што тоа сум јас а не моето дете“, напишала и многумина расплакала, а открила и дека понекогаш и е тешко да верува дека било кога ќе се чувствува подобро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.