Актерот Горан Стојановски или Инспектор Томе од „Преспав“ го седнаа на распит

За него важи правилото дека станува популарен на секои 10 години… Ќе се појави како некој нов лик, ќе направи бум, ќе ја освои нацијата со својата нова улога која ќе му донесе енормна популаност и наеднаш преку ноќ ќе исчезне, ќе го снема.
И се’ така, до следното појавување, до следната улога… Главна или споредна сеедно, неа тој секако умее да направи голема… А и таа него?!
Последниве години, откако постои хумористичниот ТВ серијал, македонскиот ситком „Преспав“ сите го препознаваат како инспектор Томе. Некои го знаат и од порано како Џемо Биљбиљ, а ние, а и оние што го следат театарот и тетарската уметност во Охрид, го знаеме како актерот Горан Стојановски. Токму тој беше на распит во Бекстејџ.
Да може да одбере кому би му се заблагодарил во животот, кој му е најголемиот страв, без кои три работи не излегува од дома, што мисли за пластичната хирургија, Скопје или Охрид, Лила или Марјана, Цеца или Карлеуша… и уште сто и една работа, што досега не сте ја знаеле за него, дознајте ја од прва рака.
Инспекторот ги кажува на соочувањео со камерата и микрофонот, очи в очи со водителката во „магазинот од зад сцената“, во видеораспитот на единствениот “државен службеник“ во пансион „Преспав“!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.