Актерот од филмот „Сам дома“ води тешка битка со ракот: „По 10-часовна операција контактирал со своите фанови“

Актерот од „Сам дома“ Кен Хадсон Кембел (61) им се заблагодарува на пријателите и на јавноста за поддршката во текот на неговата битка со ракот.

„Неверојатно сум трогнат од вашата великодушност и добри желби. Знам дека звучи како клише, но тоа е вистина“, напиша Кембел на Божиќ на својата страница GoFundMe покрај фотографијата на која носи божиќна капа.

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од …
Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)
Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен и романтичен начин, додека познатата инфлуенсерка изгледаше како вистински Дедо Мраз. За време на …

“Благодарам на сите! Благодарам, благодарам, благодарам! Ве сакам сите, среќен Божиќ и со среќа на сите! – KennyC“ го напиша Кен, кој го глумеше Дедо Мраз во култниот филм „Сам дома“.

Тој беше подложен на 10-часовна операција на 7-ми декември, а неговата ќерка ги информираше сите за неговиот напредок на 9-ти декември. Таа, исто така, отвори страница за собирање средства GoFundMe за нејзиниот татко.

„Ракот беше успешно отстранет, а неговата коска беше реконструирана од фибулата и прикачена. И покрај резовите, таа изгледа одлично“, напиша таа.

Целта на Мишелин беше да собере 100.000 долари во донации за да ги покрие медицинските трошоци на нејзиниот татко, вклучително и физикална и говорна терапија, медицинска опрема, забни импланти и старатели.

Меѓу донаторите на страницата беа колегите и пријателите на Кембел – Стив Карел , ѕвездата на серијата „Curb Your Enthusiasm“, Џеф Гарлин , Тим Медоус и ко-креаторот на серијата „The Big Bang Theory“ Бил Пради. Веб-страницата набрзо ја постигна својата финансиска цел. Карел донирал 10.000 долари со порака дека го сака Кен.

„Татко ми се опоравува многу добро“, изјави Михаела за The Post . „Неговите очи се насолзени кога ги чита убавите зборови на своите пријатели и обожаватели. Во овој живот, повеќето луѓе не можат да слушнат колку им значат на некој друг или како нивната работа резонира со луѓето што ја виделе“.

Кембел има глумено во бројни филмови и серии, а е познат по улогите во „Groundhog Day“, „Mike & Molly“, „Gravity Falls“ и „The Practice“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.